Ахмети: Темата за незадоволството меѓу интегративците е минорна споредбено со темата за европскиот фронт

Фото: Слободен печат/ Зоран Димовски

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети по завршувањето на денешното Централно претседателство на партијата, рече дека се зборувало за многу важна тема како што е европскиот фронт, која како што рече треба да заживее, а истата е минорна во однос на таа за незадоволството меѓу интегративците, објави ТВ 21.

„Темата за малите разлики кои ги има во ДУИ споредбено со темата за европскиот фронт е минорна, а следната недела, една недела од денеска, ќе продолжиме со средбите и со разговорите во партијата„, рече Ахмети.

На новинарско прашање за што ќе се разговара следната недела?, Ахмети со одговор.

„Сигурно за настаните, подетално за фронтот но и за настаните во ДУИ“, рече Ахмети.

Ахмети не ја отфрли можноста следната недела да се разгледаат барањата на „Огнената група“, доколку има такви, иако рече дека за прашањето за отчетноста е разговарано неколку пати во самата партија.

Портпаролот на ДУИ Бујар Османи, по завршување на денешното Централно претседателство на партија во Мала Речица, каде како што посочи се разговарало само за една точка – состојбата со таканаречениот фронт за Европа и наредните чекори, изјави дека е неопходно да се соберат во еден заеднички фронт сите проевропски сили во државата, за да се направат суштинските исчекори, оти ако се испушти овој момент може како што истакна да влеземе во сериозна ситуација на изолација.

Знам дека има пратеници од ВМРО-ДПМНЕ кои би гласале за уставните измени, вели Груби

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот