Ахмети: Заев ја ризикува политичката кариера за европската иднина на земјава

Фото: mia.mk

Претседателот на Демокрaтската унија за интеграција (ДУИ) Али Ахмети, коментирајќи го интервјуто на премиерот Зоран Заев за бугарскиот медиум БГНЕС, истакна дека кај него има добра волја за решавање на бугарското прашање, што е многу важно за иднината на нашата земја за отворањето на преговорите за интеграција во Европската Унија (ЕУ). Тој смета дека премиерот Заев лично се жртвувал, ризикувајќи ја политичката кариера, со толку директно искажување на нештата со едиствена причина, како што рече, што подобро да биде за нашата земја, нашата држава и граѓаните на Северна Македонија.

– Во оваа ситуација, ние секако ќе се солидаризираме со нашите македонски сограѓани и никогаш не сме спореле за ништо, било за јазикот или за историјата, затоа што нашите судбини биле исти. Окупаторите ни беа исти и жртвувањата ни биле заеднички, заеднички да бидеме слободни во овие простори. Ние сакаме решение што е можно побрзо, да не бидеме под влијание на емоциите, да не влегуваме во фолклоризмот, но да бидеме рационални и разумни за да го решиме ова прашање што е можно побрзо. Се надевам дека бугарската страна, која беше придонесувач и потврдувач на нашите универзални вредности за членството на нашата земја во НАТО и почетокот на преговорите за ЕУ, исто така, ќе покаже висока рационалност за надминување на овие постојни разлики и што е можно побрзо да се започне или да се одржи заеднички меѓувладин состанок за почеток на преговори за членство во ЕУ. Се надевам во европските вредности што ги има Бугарија и овие тешкотии ќе бидат надминати во наредните денови, рече Ахмети на свечената академија по повод Денот на албанското знаме.

Запрашан за атмосферата во ДУИ, Ахмети рече дека сите се добри и дека на двата настана што беа организирани денеска, сите функционери биле заедно. Според него, нема ништо лошо во тоа што функционерите на ДУИ на двата настани влегле во три групи и оти нема поделби.

Во однос на вчерашната изјава на лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски дека до Собранието ќе поднесат предлог за недоверба на Владата, Ахмети истакна дека отсекогаш задача на опозицијата е да бара недоверба на Владата и им порача да го направат тоа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот