Ахмети се вакцинирал, Села е во пост-ковид период

Али Ахмети
Али Ахмети / Фото: МИА

Лидерите на ДУИ и Движењето БЕСА, Али Ахмети и Билал Касами се вакцинирани против ковид-19 со руската вакцина „Спутник В“ како пратеници на Собранието на Северна Македонија. Лидерот на опозициската Алијанса за Албанците, пак, Зијадин Села чека да се вакцинира, бидејќи помина месец и половина од кога ја доби битката со коронавирусот.

– Претседателот Села има месец и половина откако ја доби битката со коронавирусот. Откако ќе помине три месечниот пост-Ковид период, секако дека тој ќе биде вакциниран, информираат за Слободен печат од AА.

Лидерите на албанските политички партии, исто така, упатија и јавени повици до граѓаните да го искористат правото на вакцинација, бидејќи според нив, ова е најдобриот и единствениот начин да се заштитат од корнавирусот. Покрај партиските лидери, и пратениците на политичките партии на Албанците ја примија првата доза на вакцината „Спутник В“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот