Ахмети: Проблемот со СЈО треба да го решаваат двете најголеми македонски партии

Претседателот на Демократската унија за интеграција (ДУИ) Али Ахмети денеска изјави дека проблемот со Специјалното јавно обвинителство (СЈО) треба да го решаваат, како што вели, двете најголеми македонски партии, истовремено порачувајќи дека со ветинг и проверка на кадрите државата ќе биде поуспешна во борбата против криминалот и корупцијата.

– Проблемот за СЈО треба да го решаваат двете најголеми македонски партии. Го поддржуваме законот, ги поддржуваме сите реформи во судството. Неопходно е во оваа држава да има ветинг, да има проверување на кадрите посебно на тие што се задолжени за чување на редот и мирот, бидејќи само така ќе бидеме поуспешни во борбата против криминалот и корупцијата, изјави Ахмети, одговарајќи на новинарски прашања по отворањето на спортска сала во ОУ „Реџеп Вока” во Шипковица.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот