Ахмети посака Албанец за премиер, СДСМ порача дека со овој услов ДУИ нема да бидат дел од владината коалиција

Лидерот на ДУИ Али Ахмети на 18-годишнината од партијата посака Албанец за премиер. Ова побуди низа реакции кај политичките субјекти во земјава. СДСМ како коалициски партнер му порача на ДУИ дека ако ова е услов за владина коалиција, тогаш ДУИ нема да биде дел од идната Влада. За албанските партии ваквата идеја на ДУИ е популистичка, а Ахмети нема легитимитет да зборува за потребите на граѓаните.

Во обраќањето по повод полнолетството на партијата во кое Ахмети говори за придобивките на албанскиот народ во изминатите 18 години, меѓу другото вели дека следната цел што треба да ја реализираат е Албанец за премиер.

– Ние го започнавме овој пат заедно пред 18 години, Заедно се соочивме со секој предизвик и веруваме еден во друг, Заедно ги определивме и ги остваривме нашите цели и на оваа толку важна годишнина за сите нас, заедно да ја определиме нашата следна цел почнувајќи од следните избори,
да ја реализираме определбата за да избереме ценета, почитувана и докажана личност, таа или тој кој што ќе го избереме заедно, за првиотАлбанец премиер на земјава, наведе Ахмети.

Прочитајте и...  Подготовки за есенскиот бран: Се формираат регионални „Ковид – центри“ во 16 општини

Мандатар за претседател на Влада може да биде секој граѓанин кој ќе обезбеди поддршка од најмалку 61 пратеник, му порача лидерот на СДСМ Зоран Заев на Ахмети.

– Доколку СДСМ победи на изборите, јас сум кандидатот за претседател на Влада и ќе бидам премиер кој еднакво се бори за подобар живот на сите граѓани на Северна Македонија, нешто што го докажав низ сите мои политики изминативе години. Соодветно на тоа, доколку ДУИ има ваков услов за коалиција за Влада, тогаш ДУИ нема да биде дел од идната Влада, реагираше Заев во објава на Фејсбук.

И лидерот на „БЕСА”, Биљал Касами се огласи на Фејсбук оценувајќи дека идејата на ДУИ во околности кога веќе има одредени списоци за кандидати за пратеници и паузиран изборен процес, е популистичка со цел да се соберат политички поени.

Прочитајте и...  ДИК прифати нови барања за набљудување на изборите

– Фрлањето на оваа идеја во овој момент повеќе како може да се толкува дека ДУИ ќе оди во опозиција и пред своите гласачи за да се оправда дека тие не добиле премиер од своите редови и мора да одат во опозиција. Не е спорно дека Албанците во иднина може да имаат премиер во Северна Македонија, но тешко дека ова ќе биде кадар на ДУИ се додека тие не се борат против криминалот и корупцијата во нивната партија. Албанците во Северна Македонија одамна се срамат да се идентификуваат со политиките и политичарите во рамките на ДУИ, кои газеа сè што е албанско за време на своите 18 години на власт, напиша Касами на Фејсбук.

Според него, неуспесите на 18-годишното владеење на ДУИ не можат да бидат покриени со, како што вели, пуштање на „една рака муви” за барање за премиер Албанец.

Сличен став изнесе и Алијансата на Албанците која преку соопштение го окарактеризира 18-годишното владеење на ДУИ како години исполнети со неуспеси, неисполнети ветувања и коруптивни скандали.

Прочитајте и...  Банкротираше бренд кој постои два века и кој беше одговорен за облекувањето на 40 претседатели

– Ако Демократската унија за интеграција ја исполнеше својата обврска кон граѓаните за сите дадени ветувања и ако беше искрена во идејата за албанско владеење а не консензуално, вие би го поддржале кандидатот за албански претседател на претседателските избори. Но, вие се одлучивте за консензуален претседател, а оваа поддршка беше само ваша политичка игра во замена за партиски интереси со цел да победите неколку општини на локалните избори што знаевте дека сте ги изгубиле, наведе Алијанса за Албанците во соопштението.

Во земјава се уште не е определен датум за одржување на предвремените парламентарни избори. Изборите требаше да се одржат на 12 април, но беа пролонгирани поради епидемијата со корона вирусот. Оттогаш партиите не можат да се договорат за датумот за избори. СДСМ како последен термин го нуди 5 јули, додека ВМРО-ДПМНЕ останува на ставот дека избори во овој период не се возможни поради актуелната ситуација со коронавирусот.

Прочитај повеќе

Во Франција приведено лице, имал педофилски страници на тајни мрежи

МИА Агенција

Привршува откупот на вишни во делчевско

Слободен печат

Бројот на заразени од коронавирусот во светот надмина 13 милиони

Слободен печат

До 15 часот гласале 340 лица со Ковид-19 и во самоизолација

Слободен печат

Бројни случаи на кршење на изборниот молк, говор на омразата и непочитување на мерките за заштита од коронавирусот

Слободен печат

Во Малешевијата два активни случаи со ковид-19

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

ЕЦБ: Бугарија и Хрватска имаат уште работа пред да станат дел од еврозоната

Слободен печат

Столтенберг: НАТО треба да стане поглобален сојуз поради подемот на Кина

Слободен печат

ОН предупредува: Речиси 690 милиони луѓе во светот се гладни

Слободен печат

Гласаат инфицираните со коронавирусот и лицата во самоизолација во Охрид и Струга

Слободен печат

На денот на изборите ќе можат да се подигаат личните карти од управните служби

Слободен печат

Студија: Имунитетот на коронавирусот би можел да исчезне за неколку месеци

Слободен печат