Ахмети открива: Скопје и Софија „разменуваат документи“, Груби бил само преведувач во „Жолтата куќа“

Артан Груби и Али Ахмети / Фото: Драган Митрески - Слободен печат.

Лидерот на ДУИ Али Ахмети изрази оптимизам дека до крајот на годинава ќе има добри вести од Софија кога станува збор за спорот со Скопје и блокадата од Бугарија за датумот за преговори со ЕУ и откри дека помеѓу Скопје и Софија во овој период се одвива „размена на документи“.

-Не мислам дека е време да споделувам со јавноста за понудите или последните документи кои се разменети, ќе почекаме да ја видиме реакцијата од Бугарија, рече Ахмети во интервјуто за ТВ21.

Тој ја пофали работата на министерот за надворешни работи Бујар Османи за надминување на спорот и дека е одлучен зад себе да остави решен спор.

-Османи е доста активен, очекувам да има резултат. Многу важен момент е за да демонстрира пред сите граѓани, особено пред нашите сожители Македонци, дека ги делиме доброто и лошото, дека ќе стоиме рамо до рамо заедно, и во решавање на овој спор. Ова е клучен историски момент да се види дека оваа земја има министер за надворешни работи и за работата што ја сработи и за зрелоста, му честитам, рече меѓудругото Ахмети.

Запрашан за споменувањето на вицепремиерот Артан Груби во аферата „Жолта куќа“ која се однесува на вадење на човечки органи на локации во Албанија и на Косово во текот на 1999 година и трговија со нив од страна на ОВК за што е покрената истрага од стана на Хашкиот трибунал, Ахмети рече дека Груби имал само улога на преведувач во „Жолтата куќа“ на Косово:

-Ништо повеќе од тоа – рече Ахмети, додавајќи дека не му е пријатен нападот врз тогашната ОНА која, според него, се борела за права и слобода на Албанците во Косово.

Тој истакна дека верува во меѓународната правда и дека, како што рече, обвинетите поранешни команданти на УЧК ќе ја докажат невиноста.

Ахмети: Нема загриженост дека Меџити може да поднесе интерпелација против Груби и Османи

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот