Ахмети оствари средба со Касами: Се согласивме да ги продолжиме нашите напори за евроатлантскиот пат на земјата

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети денеска оствари средба со претседателот на Движењето „Беса“, Билал Касами, а на својот „Фејсбук“ профил откри за што разговарале.

– По минатонеделниот телефонски разговор, денес во Скопје се сретнав со претседателот на Движењето „Беса“, г. Билал Касами, вели Ахмети во објавата на Фејсбук.

Тој додава дека со Касами ја оцениле реализацијата на предвремените парламентарни избори на 15 јули и заеднички ги поздравуваат афирмативните оценки на меѓународната заедница и особено на ОБСЕ / ОДИХР.

– За време на конструктивната средба, се согласивме да ги продолжиме нашите напори за евроатлантскиот пат на земјата, како и долгоочекуваните реформи кон владеењето на правото преку развивање на отворен и континуиран дијалог, напиша Ахмети.

Лидерот на ДУИ додава дека се надева наредните денови дека ќе оствари средби со претставници на албанските опозициски партии.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот