Ахмети: Нема да дозволиме ВМРО-ДПМНЕ да решава кој ќе победи во Гостивар

Али Ахмети
Али Ахмети / Фото: МИА

Мора да бидеме единствени и да не дозволиме ВМРО-ДПМНЕ да одлучи кој ќе победи во Гостивар, порача лидерот на ДУИ, Али Ахмети и побара поддршка од жителите на селото Форино на вечерашниот предизборен собир.

Ахмети придружуван од членови на потесното раководство на партијата на средба со жителите на гостиварското село Форино зборуваше за важноста од обединување, особено по првиот круг од локалните избори.

– Повторно освоивме над 50 проценти од гласовите на Албанците и не може ВМРО да одлучува кој ќе победи во Гостивар. Ние сме достоинствен народ. Како Албанци мора да бидеме единствени, бидејќи уште владеат предрасуди. Не правам компромиси со албанското прашање во Македонија. Ние сме апсолутен победник, ако го преточиме во мандати на пратеници ќе имавме 19 пратеници. Треба да се обединиме бидејќи стануваме важни за локалното население. Ако имаме единствени општини, бидејќи целата агенда е поврзана со општините, ќе биде многу поинаку, рече Ахмети.

Тој пред симпатизерите и пред сопартијците потсети на делувањето на партијата, која од позиција на централна власт овозможила отворање на универзитети, капитални инфраструктурни проекти, почетокот на гасификацијата, автопатот низ Полог.

На средбата зборуваа и првиот вицепремиер Артан Груби и собранискиот спикер Талат Џафери и во обраќањата побараа поддршка за да победи кандидатот на ДУИ Невзат Бејта.

Како и на претходните средби, во предизборните активности за вториот круг, Ахмети бара од граѓаните да ги кажат нивните проблеми и да критикуваат доколку не се задоволни од нивното работење.

Извор: МИА

Таравари обвинува: По 31-ви октомври ќе објавиме снимки, факти и аргументи дека има многу неважечки листови

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот