Ахмети наместо „метла“ за функционерите има друг предлог

Партијата на Али Ахмети и понатаму останува на барањето за ветинг на функционерите и пратениците кои вршат јавна дејност.

Според Ахмети, тој начин ќе се спречат нападите кон функционерите и ширењето на лажните вести.

За смена на кадри, Ахмети вели дека засега не разговарал на таа тема со премиерот Зоран  Заев, и чека да поминат обврските на премиерот за да договорат состанок на таа тема.

Заев од Виена повторно најави дека промените на дел од функционерите кои потфрлиле во својата работа ќе се случат на почетокот на идниот месец и кажа дека граѓаните испратиле јасна порака дека промена е потребна.

Јавноста чека смена на кадрите кои не покажаа резултати во изминатиот период.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот