Ахмети на средба со американската амбасадорка Брнс

Претседателот на Демократската Унија за Интеграција, г.Али Ахмети, денес оствари работна средба со амбасадорката на Соединетите Американски Држави, Кејт Брнс.

Ахмети и пренесе на амбасадорката Барнс дека успешната соработка со Соединетите Држави ќе продолжи и во иднина со цел на постигнување на заедничките цели со Република Северна Македонија.

Во оваа прилика, Ахмети и се заблагодари на амбасадорката Брнс за медицинската помош што САД и ја доделија на Северна Македонија за да се справи што е можно полесно со ситуацијата создадена од пандемијата предизвикана од КОВИД-19.

Лидерот на ДУИ, Ахмети и американската амбасадорка Брнс, исто така разговараа и за  достигнувањата  на Република Северна Македонија во евро-атлантските интеграции, вклучително и договорот со Атина и Софија, како и патот на земјата кон ЕУ.

Претседателот Ахмети го поздрави и Договорот од Вашингтон меѓу Косово и Србија, како и заемното признавање меѓу Израел и Косово и дефинирањето на Хезболах како терористичка организација.

На крајот на овој состанок, амбасадорката Брнс истакна дека Вашингтон ќе продолжи да ја поддржува Република Северна Македонија во спроведувањето на важните реформи насочени кон владеењето на правото и функционирањето на институциите непристрасно и независно.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот