Ахмети му честиташе на олимпиецот: Георгиевски ги следи стапките на Трстена и Сејдиу

Фото: MOK/Слободен печат

Дејан Георгиевски ги следи стапките на олимписките шампиони од Северна Македонија како Шабан Трстена, Шабан Сејдиу и други, освојувајќи сребрен медал на Олимпијадата во Токио и му честитам за ова достигнување, напиша лидерот на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Али Ахмети во својата честитка упатена до Дејан Георгиевски, олимпискиот вицешампион во теквондо за освоениот сребрен медал на ЛОИ 2020, пренесува “Слободен печат”.

-Од 2 август 1903 година до 13 август 2001 година, многу работи се сменија во нашето општество, особено во спортот каде Албанците и Македонците заедно со другите победуваат без граници од секаков вид. На 20 -годишнината од Охридскиот договор, фудбалскиот тим на Северна Македонија е најдобриот пример за општествена еволуција кај нас и добро ги отсликува постигнувањата во однос на еднаквоста. На спортистите им посакувам успех на сите полиња, додека ние, со овие секојдневни настани за одбележување на 20 -годишнината од Охридскиот договор, се потсетуваме на визионерскиот пат за еднакви можности и одговорности – истканува лидерот на интегративците Али Ахмети.

 

Фото: Facebook/Ali Ahmeti

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот