Ахмети: Малите партии да не креираат илузии дека ќе ја победат ДУИ

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети од Чаир, повторно ја повика опозицијата да се обедини за да не се загубат албанските гласови. Според него, и покрај кризите низ кои помина земјата, сепак ДУИ успeа да ги реализира своите историски цели.

– Секој вели јас ќе ги победам изборите. Мислам дека ДУИ следната победа нема да ја базира ни на фолклор, ниту на претеран оптимизам. Не е работата дека победува ДУИ, туку со победата на ДУИ победуваат и Албанците. Важно е Албанците да се чуствуваат горди. Кажавме отворено дека на избори ќе одиме сами, малите може да се обединат бидејќи се мали, но да не креираат илузии дека ќе ја победат ДУИ – истакнал во Чаир, Али Ахмети.

Тој додаде дека според сите анкети ДУИ е победник, и дека целта на овој мандат ќе биде полна интеграција во Европската Унија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот