Ахмети лут, удираше по маса: Кој толку ги разедини Албанците? (ВИДЕО)

Фото: Принтскрин

Првиот човек на ДУИ, Али Ахмети жестоко реагираше во студиото на ТВ21 после лидерската средба кај претседателот Стево Пендаровски каде беа договорени парламентарни избори. Ова е веста на денот. Но, што се крие всушност зад неа?

Ахмети во видео од интервју кое вчера на Фејсбук го објави вицепремиерот Бујар Османи, беше незадоволен и запраша кој толку ги разединил Албанците за да имаат толку многу политички партии. Ахмети смета дека со тоа што Албанците се поделени на повеќе партии, се губи гласот и нервозно удираше по масата во студиото на ТВ21.

Според шефот на Демократската унија за интеграција, на средбата кај претседателот пристигнале 6 делегации на Албанците, наспроти двете на Македонците.

– Срам ми е да одам на средби со 6 различни албански делегации. Срамно е за Албанците, 6 албански делегации се таму, а само 2 македонски, по една од власта и од опозицијата – нервозно порача Ахмети.

Интересно е што ова видео е старо речиси две години. Видеото се појави токму вчера, денот кога во вилата Водно кај претседателот Стево Пендаровски се одржа лидерска средба на која лидерите на седум политички партии договорија предвремени избори да се одржат на 12 април 2020 година.

Видеото го преземаа речиси сите медиуми, со што се остави впечаток дека лидерот на ДУИ е видно нервозен и веќе ја почнал кампањата со жестока реторика. Видеото инаку е снимено интервју од 2017 година за емисијата Клик плус на националната телевизија ТВ21.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот