Ахмети: Крушевскиот манифест од 1903 година е обединувачка дефиниција за заедничка држава исто колку и Охридскиот договор во 2001 година

Претседателот на Демократската унија за интеграција (ДУИ) Али Ахмети, го одбележа Крушевското востание од 2 август 1903 година со објава на неговата официјална страница на Фејсбук, соопштија од ДУИ.

– Востанието од 2 август и Крушевската Република, кое денес го одбележуваме, треба да се изучува многу повеќе од историчарите и да се разјасни неговиот целосен карактер, во неговото писмо и дух. Рамномерното споделување на востаничките и управувачки одговорности пред 117 години треба да послужи како модел за отстранување на хегемонистичките обременувања и примеси, кои што се повеќе заоѓаат, во врска со заедничките напори за слобода и подобар живот во заедничката земја, напиша на ФБ Ахмети.

Крушевскиот манифест од 1903 година, објави на фејсбук Ахмети, е обединувачка дефиниција за заедничка држава исто колку и Охридскиот договор во 2001 година.

– Наметнатите предрасуди сè уште постојат и денес, и претставува обврска за сите нас да работиме кон нивно отстранување со презентирање и прифаќање на неискривената вистина за сите тековни и историски процеси на нашата заедничка мултиетничка и мултикултурна земја, напиша Ахмети на Фејсбук.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот