Ахмети кон почетокот на септември пред хашките обвинители ќе сведочи за воените злосторства во Косово

Али Ахмети /Фото: Драган Митрески

Али Ахмети, претседателот на ДУИ, на 2 септември, ќе сведочи пред меѓународните хашки обвинители за воените злосторства во Косово, пренесува ТВ21.

Извори од кабинетот на Ахмети објаснуваат за ТВ21 дека лидерот на ДУИ се очекува да замине во Приштина за да сведочи за неговата улога во ОВК.

Од кабинетот за ТВ21 велат дека на 2 септември е предвидено Али Ахмети да отиде во Приштина за да сведочи, а меѓународните обвинители побараа од Ахмети да биде два дена на располагање.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот