Ахмети: Ќе се фокусираме уште повеќе во решавањето на економските проблеми во земјава

Претседателот на Демократската Унија за Интеграција Али Ахмети, денес оствари средба со бизнисмени од градот Тетово и полошкиот регион.

Претседателот Ахмети на средбата со бизнисмените, дискутираше за проблемите и тешкотиите со кои се соочуваат бизнисите на полошкиот регион. За време на разговорот тој истакна дека досега во фокус на политиката било стабилизирањето на државната безбедност, каде што постигнавме огромен напредок, и како резултат, нашата земја стана 30-та членка на Североатлантската алијанса – НАТО, што е големо достигнување за нашата земја. Но, од сега натаму, ќе се фокусираме уште повеќе во решавањето на економските проблеми со кои се соочува нашата земја – рече
Амети.

Во меѓувреме, кандидатот за прв премиер албанец Насер Зибери, ги истакна приоритетите во економскиот план, соочување со последиците од пандемијата, каде меѓу другото истакна дека „Со нашите политики во областа на децентрализацијата преку промена на законите ќе ја поддржиме економијата на нашата земја” додавајќи дека „Владата и воопшто политиката, ќе создадат услови за отстранување на бариерите за развој на домашните и странските компании, до што ние ќе бидеме отворена порта на оваа земја” – заклучи Зибери.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот