Ахмети: И ние сме граѓани на оваа држава, зошто да не инсистираме на премиер Албанец?

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети во интервју за Радио Слободна Европа, повторно го постави прашањето – зошто во државата да нема Албанец премиер?

– Зошто да не инсистираме?! Значи, јас очекувам одговор од тие што велат: Зошто ние бараме премиер Албанец и сум љубопитен да ги слушнам причините на останатите што се против оваа идеја и со задоволство и нетрпение очекувам да се произнесат за причините дадени од нивна страна. Легитимно право – да, граѓанин на оваа држава – да, поборник за сите прашања што се однесуваат на државата, нејзиниот интегритет, суверенитет и иднина – сите овие доблести ги поседува нашиот кандидат за премиер Албанец и, која е причината, каде е пречката оваа земја да не се води од еден премиер Албанец?! Што и се случи на Македонија со претседателот на Собранието на нашата Република? Тој управуваше на одличен начин и сум слушнал за доста високи проценки дадени како од позицијата, така и од опозицијата за неговото работење и ова е видено досега и – зошто сега да не биде еден премиер Албанец, да преземе одговорност? И ние сме за да излеземе во пресрет, и ние сме граѓани на оваа држава – ова е наша држава, ова е наша татковина – и ние сакаме да ги покажеме нашите способности за управување со неа. Така што, ќе се навратам пак на вашето прашање, дека очекувам одговор од сите тие што се спротивставуваат на оваа идеја – рече Ахмети.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот