Ахмети – Хоти: Северна Македонија и Косово имаат одлични соседски односи

Претседателот на Демократската Унија за Интеграција, г.Али Ахмети, денеска во Собранието на Република Северна Македонија оствари средба со премиерот на Република Косово, г.Авдула Хоти, кој престојува во официјална посета на земјата.

За време на оваа средба со г. Хоти, лидерот на ДУИ г. Ахмети рече дека Северна Македонија и Косово имаат одлични соседски односи и дека секогаш ќе останат исти.

Ахмети и Хоти разговараа и за проширувањето на соработката меѓу нашите две земји со цел економијата, стабилноста и просперитетот во регионот.

Лидерот на ДУИ, г.Ахмети му честиташе на г.Хоти за постигнатиот договор во Вашингтон, кој го отвора патот за заемно признавање меѓу Косово и Србија и истовремено овозможува интеграција во НАТО и Европската Унија, бидејќи тоа е единствениот начин што гарантира подобар живот за сите
граѓани на Балканот.

Претседателот на ДУИ, г.Али Ахмети за време на состанокот со премиерот на Република Косово г.Хоти разговараше и за достигнувањата на Северна Македонија, споменувајќи го тука договорот со Атина и Софија и ориентацијата на земјата кон Европската Унија.

Ахмети му порача на премиерот Хоти дека компромисите постигнати од Северна Македонија со Грција и Бугарија треба да бидат референтна точка за дијалогот Косово-Србија, бидејќи само преку договор нашите земји можат да одат напред.

На крајот од состанокот, лидерот на ДУИ, Ахмети истакна дека Република Северна Македонија ќе ја поддржи Република Косово во спроведувањето на неопходните и важни реформи со цел да се поддржи владеењето на правото и правилното функционирање на косовските институции и во овој случај евро-атлантска интеграција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот