Ахмети го свика Генералниот совет на ДУИ, ќе се разговара за последните политички случувања

Али Ахмети / Фото: МИА

Претседателот на ДУИ Али Ахмети ги покани сите членови на Генералниот совет за утре на состанок на кој ќе се разговара за последните случувања во земјава, пишува Алсат.

Лидерот на ДУИ го свикува состанокот поради тоа што вчера опозицијата соопшти дека е формирано ново мнозинство во Собранието, составено од ВМРО-ДПМНЕ, Алијанса за Албанците-Алтернатива, Левица и Беса.

„Почитувани членови на Генералниот совет, претседателот Ахмети ве поканува на средба со КП ДУИ во врска со последните случувања во државата. Средбата ќе се одржи утре, недела, 07.11.2021 година, со почеток во 13:00 часот, во Тетово, ресторан АРА. Задолжително присуство во однос на мерките за заштита од Ковид-19“, се вели во поканата на претседателот на ДУИ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот