Ахмети дава исказ пред хашките истражители во Приштина

Претседателот на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Али Ахмети денеска во просториите на мисијата на ЕУ – ЕУЛЕКС во Приштина дава исказ пред истражителите на Специјалното обвинителство за воените злосторства во Косово.

Како што објави „Еуроњуз Албанија“, Ахмети дошол во просториите на ЕУЛЕКС изутрината околу 9:30 часот. Распитот се одвива во Приштина, а не во Хаг каде што е седиштето на Специјалното обвинителство, што е пракса кога повиканите сведоци не се во можноста да отпатуваат за Холандија.

Засега нема официјални инфомации зошто Ахмети е повикан да даде исказ, но според косовските медиуми, тоа е поврзано со неговата активност за време на војната како еден од основачите на ОВК и постапките што ги отвори Обвинителството за претседателот на Косово, Хашим Тачи и лидерот на Демократската партија, Кадри Весели.

Врз основа на досегашните практики на Специјалното обвинителство, сведочењето на Ахмети веројатно ќе продолжи во текот на целиот ден, а ако има потреба и утре, пренесува „Еуроњус Албанија“.

Али Ахмети беше повикан од Обвинителството на 22 јули. По добивањето на поканата, лидерот на ДУИ на неговиот фб профил објави дека ќе даде исказ како сведок и еден од основачите на ОВК.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот