Ахмети – Цакај: Заедно сме на вистинскиот пат

Ахмети и Цакај разговараа и за договорот во Вашингтон меѓу Република Косово и Република Србија.

Претседателот на Демократската Унија за Интеграција, Али Ахмети, денес во Собранието на Република Северна Македонија оствари средба со министерот за надворешни работи на Република Албанија, Гент Цакај, кој престојува во официјална посета на нашата земја.

Ахмети за време на средбата со Цакај, како што соопшти ДУИ, рече дека Северна Македонија и Албанија негуваат добрососедски односи и дека такви ќе останат засекогаш.

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети, му пренесе на министерот за надворешни работи на Република Албанија, Цакај, дека во наредниот период, партнерството и соработката меѓу нашите две земји ќе се прошири во функција на мирот, стабилноста и регионалниот просперитет за да се исполнат нашите цели за заедничка стратешка интеграција во Европската Унија.

Ахмети и Цакај разговараа и за договорот во Вашингтон меѓу Република Косово и Република Србија. Тие оценија дека оваа одлука е чекор кон конечниот договор за меѓусебно признавање на двете земји. Ахмети и Цакај исто така разменија мислења и за други политички теми во земјата и регионот. 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот