Ахмети: Блокадата на Собранието е саботажа на граѓаните

Али Ахмети/Фото-ДУИ
Али Ахмети/Фото-ДУИ

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, смета дека бојкот на Парламентот што го најави опозицијата е „саботажа на граѓаните“.

– Предупредувањето на ВМРО-ДПМНЕ за бојкот не му служи на здравјето на самата партија, бидејќи тоа не е поддржано од ниту една земја на ЕУ. Каква е визијата со блокадата што ја прават? Дали сакаат да си го подобрат партискиот имиџ или сакаат да бидат црна дупка во Македонија? Јас не знам која е нивната агенда и каква блокада ќе наметнат, но со саботажа на законите што се во корист на граѓаните мислам дека нема да добијат добар имиџ, вели Ахмети во интервју за ТВ Клан.

На прашањето дали е време за нова лидерска средба, Ахмети рече дека се согласува со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски за средба, но за да се разговара за проблемот со Бугарија.

– Како политичка партија придонесовме за најдоброто можно решение и надминување на кризата колку што е можно полесно. Знаете дека поскапувања има во сите области, но како Влада добро се справивме со оваа ситуација. Во овие услови на криза мислам дека не треба да се оди на избори. Се согласувам со Мицкоски доколку повикува на средба за да се разговара за проблемот со Бугарија, но инаку не сметам дека е вистинско време, нагласи Ахмети.

Иселувањето на младите, според Ахмети, ќе престане ако се исполнат дадените обврски и се отворат преговорите за членство во Европската унија.

– Иселувањето ќе престане ако ги исполниме нашите обврски, нашите домашни задачи, да ги отвориме преговорите за членство во ЕУ. Тоа го запира иселувањето, бидејќи така се приближуваме до стандардите на ЕУ, рече Ахмети.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот