Ахмети: Бараме владеење на правото преку ветингот

Нашата земја има сериозна потреба од ветинг. ветинг за политичари, министри, пратеници, градоначалници, судии, обвинители и сите, рече Ахмети во интервју во телевизијата Клан.

Претседателот на Демократската унија за интеграција Али Ахмети, вечерва во интервју во телевизијата Клан, зборувајќи за владеењето на правото и селективната правда, порача дека е неопходен ветинг.

На прашањето за случувањата поврзани со специјалното обвинителство, Ахмети потсети на ставот на ДУИ за витетинг.

– Нашата земја има сериозна потреба од ветинг. ветинг за политичари, министри, пратеници, градоначалници, судии, обвинители и сите. ДУИ е единствената партија што побара да се испита од обвинителството. Јас сам во тоа време сум побарал од Катица Јанева затоа што се соочуваме со клевети секој ден. Затоа ние бараме владеење на правото преку ветингот, рече Ахмети.

Ахмети потоа истакна дека ветингот и владеење на правото, се стига до неселективната правда како предуслов за економски развој и правна предвидливост.

На прашањето за ставовите на опозицијата против договорот од Преспа и Законот за јазик, Али Ахмети истакна дека овие ставови се дневна политика за моментални потреби.

– Секој треба да знае дека нема враќање од јазичната еднаквост, промената на името и добрососедството. Во пролет ова година, Европа е многу заинтересирана Македонија и Албанија да започнат преговори за пристапување во ЕУ во март, рече Ахмети.

Ахмети додаде дека самите челници на ЕУ оцениле дека неуспехот за отворање преговори за Македонија и Албанија е срам за Европа и Брисел.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот