Ахмети: Албанската опозиција да се обедини, да не губиме мандати

Фото: Слободен печат/Арбнора Мемети

Ахмети уште еднаш ја повика албанската опозиција да се обедини со цел да не се изгубат мандатите кај Албанците.

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, на средба со граѓаните на Сарај ги коментираше последните случувања во албанската опозиција.

– Слушам гласови како се караат дека овој бил ДУИ тој бил ДУИ, овие малите кои избегале од големата соба сите биле во ДУИ. И навистина ДУИ е голема соба. Не се карајте туку дојдете во својот дом, не седете по улици – рече Ахмети.

Ахмети уште еднаш ја повика албанската опозиција да се обедини со цел да не се изгубат мандатите кај Албанците.

– Срам ми е пред меѓународните делегации. Шест албански делегации, две македонски. Изгубивме 10 мандати, не ДУИ туку Албанците. Не е време да се караме за столчиња, уште работа имаат Албанците за целосна еднаквост во овие простори. Затоа другите ги сакаат поделени и тоа е нешто што не треба да го дозволат Албанците – изјави лидерот на ДУИ.

Ахмети побара од противничките партии да се натпреваруваат со ДУИ преку дела и концепти, а не преку лаги и измислици.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот