Агуерооо, денот кога Сити славеше титула! (ВИДЕО)

фото: твитер

Навистина интересен е податокот што асистенцијата на Марио Балотели до Агуеро, му беше единствената во Премиер лигата..

Дефинитивно највозбудливата завршница на една премиерлигашка сезона, меч кој што секогаш ќе се врти на телевизиските станици и титулата на Манчестер сити која за „граѓаните“ е најслатка во историјата.

Манчестер јунајтед имаше титула во свои раце, но Сити му ја „украде“ во последните две минути од сезоната 2011/2012.

„Граѓаните“ беа во негатива од 66 минута против КПР, а за целосен пресврт се погрижија Един Џеко во 92 и Серхио Агуеро во 94 минута за големо славје на составот на Роберто Манчини.

Огромна радост на трибините на „Етихад“, а навистина интересен е податокот што асистенцијата на Марио Балотели до Агуеро, му беше единствената во Премиер лигата.

Сити ја освои својата шеста титула во најсилното англиско фудбалско првенство..

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот