Агуеро тресе мрежи, два гола не се доволни за шампионска трка! (ВИДЕО)

фото: твитер

Иако пред самиот финиш на средбата на „Етихад“ стадионот имаа предност „граѓаните“ истата ја пропуштија откако си постигнаа автогол.

Шампионот Манчестер сити одигра нерешено 2:2 со Кристал палас во натпревар со многу пресврти, гостите од Лондон први дојдоа во водство преку Џек Тосун.

„Граѓаните“ со головите на Серхио Агуеро во 82. и 87. минута беа пред победа, но Фернандињо со автоголот во 90. минута му донесе бод на Кристал палас.

– Тешко беше да се игра со ваков противник. Долго време се обидувавме да наметнеме наша игра. Потоа ја преземавме иницијативата и го контролиравме текот на натпреварот. Палас не создаде ништо посебно, но заработи бод – рече менаџерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола.

Арсенал дома ремизираше со Шефилд јунајтед (1:1), Мартинели стрелаше за водство на „топчиите“ непосредно пред паузата.

Бод за гостите донесе Флек во 83. минута од средбата на „Емирати“ стадионот во Лондон, чиј удар не успеаја навреме да го блокираат домашните одбранбени играчи.

Резултати на другите натпревари од 23. коло во Премиер лигата одиграни попладнево:

Вотфорд – Тотенхем 0:0
Брајтон – Астон вила 1:1
Норвич – Бурнмут 1:0
Саутемптон – Вулверхемптон 2:3
Вест Хем – Евертон 1:1
Њукасл-Челзи 1:0

Табела:

1.Ливерпул 61 бод
2.Манчестер сити 48
3.Лестер 45
4.Челзи 39
5.Манчестер јунајтед 34

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот