Агуеро постигна договор со Барса, се чека само потпис!?

epa06618473 Argentina's Lionel Messi (L) and team mate Sergio Aguero (R) attend a training session of the Argentinian national soccer team at City Football Academy in Manchester, Britain, 21 March 2018. Argentina play Italy in an international friendly match on 23 March at the Etihad Stadium in Manchester. EPA-EFE/PETER POWELL

Денеска повторно се шпекулира дека Серхио Агуеро е блиску до трансфер во редовите на Барселона. Мадридскиот „АС“ ексклузивно открива дека Аргентинецот постигнал договор на лично инсистирање на Жоан Лапорта и дека ќе потпише договор со Барселона до јуни 2023 година.

Агуеро нема понуда од Манчестер сити за продолжување на договорот, па од 30 јуни ќе биде слободен на трансфер-пазарот. Барса смета дека ова е одлична можност од две причини. Првата е дека доаѓањето на Агуеро би влијаело на престојот на Лео Меси, а второто е дека Кун ќе биде идеално решение од клупата, како Хенрик Ларсон во периодот од 2004 до 2006 година.

Играчот на „граѓаните“ би можел да биде идеален план „Б“ и да ги поддржува Меси, Дембеле, Фати, бидејќи се очекува Антоан Гризман да го напушти клубот. Имаше проблеми со повреди во последните месеци, постигна само три гола оваа сезона на само 12 натпревари, а наскоро ќе наполни 33 години.

Фото: EPA-EFE/Alberto Estevez

Интересно, тренерот на каталонскиот клуб Роналд Куман е против доаѓањето на Агуеро, поточно желба на холандскиот стратег е сонародникот Мемфис Депај, кој исто така е слободен од 1 јули. Куман даде „зелено светло“ и за Ерлинг Халанд и за Ромелу Лукаку, но се чини дека Лапорта инсистира на Агуеро заради Меси.

Останува да се види дали Куман и натаму ќе ја следи ситуацијата со Депај или Барселона ќе „ризикува“ со многу постариот Агуеро и ќе ја пропушти шансата да го донесе бесплатниот Холанѓанец.

И важна забелешка е дека евентуалното доаѓање на Агуеро нема да има никаква врска со потенцијалниот трансфер на Халанд, бидејќи Норвежанецот секако останува прва опција за позицијата „деветка“. Се очекува Гризман, Кутињо и Брајт Вајт да го напуштат клубот, така што ќе има простор за уште засилувања во нападот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот