Агуеро ќе ја откачи Барселона поради – девојката
Серхио Агуеро ќе биде еден од најбрараните напаѓачи во летниот преден рок, а клучна улога ќе има неговата 23-годишна девојка Софија Калзети.
Како што пишува „Атлетик“, токму Софија е иницијаторот Агуеро да ја напушти Премиер лигата.
Таа не сака да живее во Англија и на лето ќе си заминат од Англија, но најверојатно и дека следен клуб на аргентинскиот репрезентативец нема да биде Барселона.
Новиот претседател Жоан Лапорта како дел од планот со кој сака да го натера Лионел Меси да потпише нов договор со Барселона, го гледа токму Агуеро. Двајцата аргентински репрезентативци се одлични пријатели, Меси му беше кум на Агуеро, но актуелната девојка на Серхио, Софија сака тие да се преселат во Италија.
Интерес за неговите услуги пројавија Јувентус и Интер кои се во потрага по напаѓач, но засега нема официјална понуда.
View this post on Instagram
Серхио и Софија се запознаа на забава во Буенос Аирес 2019 година, а Аргентинката е десет години помлада од фудбалерот. Софија работи како модел и актерка.
View this post on Instagram
View this post on Instagram