Агрон Сулејман: Структурата на возилата коишто се во нашата земја е исклучително лоша

Новата уредба на владата не стимулира промена на состојбата. Таа се однесува на возилата кои допрва треба да пристигнат на нашиот пазар, вели во „Утрински брифинг“ на „Слободен печат“, Агрон Сулејман, новинар и добар познавач на пазарот и состојбите во автоиндустријата, говорејќи за новиот закон за увоз на стари автомобили.

Структурата на возилата коишто се во нашата земја е исклучително лоша. Староста на возилата е некаде околу 19 години. Во тој дел имаме огромен процент на дизел возила, а мал процент на бензински, така што таа структура е прилично лоша и сега владата се обидува со некои мерки да го подобри резултатот, вели во „Утрински брифинг“ на „Слободен печат“, Агрон Сулејман, новинар и добар познавач на пазарот и состојбите во автоиндустријата, говорејќи за новиот закон за увоз на стари автомобили.

-Рекордна продажба на нови возила во Македонија имаше во 2008 година. Потоа погодени од светската економска криза имаше намалена продажба. До 2011 имавме дестимулација на купување на користени возила. Потешкотии при увоз итн…2011 дојде таа несреќна, популистичка уредба по сите нас, бидејќи беше дозволен увоз на автомобили од Европа без никакви критериуми. Значи Еуро 0. Од тогаш до ден денешен имаме увезувано во државата некаде окоолу 30.000 возила годишно и континуирано опаѓање на продажбата на нови возила. Затоа денес имаме ситуација каде возилата ни загадуваат со 1/5 во град Скопје- вели во „Утрински брифинг“ на „Слободен печат“, Агрон Сулејман, новинар и добар познавач на пазарот и состојбите во автоиндустријата,

Новата уредба на владата не стимулира промена на состојбата. Таа се однесува на возилата кои допрва треба да пристигнат на нашиот пазар.

-Но што правиме со оние кои се тука и загадуваат? Значи може да говориме за стагнација на она што ќе биде загадување, не дека нешто решава оваа ситуација. Во Косово, Србија и Албанија постои уредба со која се забранува увоз на возила постари од 10 години. Увозните на користени возила штрајкуваат, бидејќи ако се земе како пример едно користено возило кое што чини до 10.000 евра сега давачките за тоа возило се накачани на некои 800 евра по возило. Тоа е сензитивна ценовна класа, во која тие 800 евра се профитите со кои функционираат увозниците- вели Агрон Сулејман, новинар и добар познавач на пазарот и состојбите во автоиндустријата.

Прашањето би се решило, вели Агрон, со воведување на стимулации на купување на нови возила и и се дестимулирало купувањето на постари возила.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот