Агентот потврди: Пандев уште една година во Џенова!

фото: твитер

Уште од претходно се најавуваше, а денеска агентот Лео Корси за италијанските медиуми потврди дека македонскиот репрезентативец и следната сезона ќе ги брани боите на клубот од „Луиџи Ферарис“.

37-годишниот Горан Пандев имаше значаен придонес во опстанокот на Џенова во Серија А со девет постигнати голови.

Тој ќе остане уште една година во Џенова каде што и ќе ја заврши кариерата. Тој е лидерот и почитуван од навивачите, а каде и да играше секогаш бил ценет од јавноста како личност. И покрај неговите 37 години, претставува вистински идол, иако малку и потценет, но и натаму има перформанси како младо момче. Со уште поголема свесност за неговите способности, додавајќи ја тука е и неговата фудбалска интелигенција – рече агентот на нашиот играч, Корси.

Агентот е запознат и со желбата на „Гранде Пандев“ со Македонија конечно да настапи и на едно Европско првенство.

Воедно двајца членови од нашата репрезентација Стефан Ристовски (Спортинг Лисабон, Португалија) и Енис Барди (Леванте, Шпанија), како и Елиф Елмас кој игра за Наполи, во своето интервју Корси ги препорачува на италијанските клубови, како и дел од играчите на ФК Академија Пандев чиј сопственик е токму Горан Пандев.

Ристовски имаше три прекрасни сезони во Спортинг Лисабон и можеби сега е време да проба други искуства – додаде Корси.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот