Агентот на Елмас: Македонецот ќе биде подготвен за Барселона!

фото: твитер

На реваншот од Лигата на шампионите помеѓу Барселона и Наполи за италијанскиот клуб можно е поради повреда да не настапи еден од најдобрите играчи, Лоренцо Инсиње. Од екипата ја потврдија повредата на тетивата на адукторот, но не е објавено колку фудбалерот ќе паузира.

На првиот дуел во Неапол резултатот заврши 1:1, па така клубот од „Сан Паоло“ е принуден да постигне барем еден гол на „Камп Ноу“ за да ги одржи шансите за пласман во следната фаза.

Желбата на Елмас е да и даде гол на Барселона

Без Инсиње сигурно ќе биде потешка задачата на играчите на тренерот Џенаро Гатузо, но верува агентот на Елиф Елмас, дека би можел Македонецот да го замени италијанскиот репрезентативец.

Нашиот фудбалски „Дијамант“ веќе има искуство од играње против Барса, но во пријателски натпревари тогаш предводени од Карло Анчелоти на клупата на „наполитанците“.

И пред четири дена агентот Џорџе Гарди ја потенцираше желбата на нашиот репрезентативец да игра и реализира гол против еден од најдобрите фудбалски клубови во светот.

Инсиње игра како напаѓач, а на теренот може да ја има и улогата на лево крило.

Елмас како замена за Инсиње во Барселона? Тој е секогаш на располагање, тој веќе ја има покриено таа улога, доколку не грешам така беше против Интер. Елмас може да игра на различни позиции, ја има довербата од Гатузо со кој има одлична соработка. Не се плаши од конкуренцијата и мислам дека може да има уште поголема минутажа во следната сезона. Сите сонуваат да играат во ваков тип на натпревари, Македонецот се надева дека ќе ја добие шансата, доколку ја има, ќе биде подготвен – вели Гарди.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот