Агентот доаѓа во Барселона, што ќе се случува со Гризман?

twitter.com/INDOBARCA_JOGJA

Французинот кој треба исто така да биде еден од клучните играчи на каталонскиот клуб, од враќањето на терените скоро нема никаква редовна минутажа,

Барселона во дербито на шпанската „Ла Лига“ ремизираше со Атлетико Мадрид (2:2) пред два дена, а денеска Реал Мадрид против Хетафе ќе има шанса да ја зголеми предноста на четири бода на пет кола до крајот на сезоната.

Во дербито против „јорганџиите“ се очекува многу повеќе на теренот да биде Антоан Гризман, но тој од тренерот Кике Сетиен доби само пет минути, односно мечот го започна дури во 90 минута.

Тоа наиде на лавина критики од навивачите, а секако и од братот на фудбалерот кој едноставно не можеше да поверува на потегот на Сетиен и му доаѓаше да заплаче.

Како што информираат шпанските и француските меидуми денеска во Каталонија доаѓа агентот на поранешниот член на Атлетико, а со челниците и тренерот ќе се разговара околу минутажата на Гризман.

Французинот на последните четири натпревар дури трипати започна од клупата, потсетување, Барселона за неговите услуги плати 120 милиони евра со договор до 2024 година.

Има и шпекулации дека можно е на „Камп Ноу“ да дојде Лаутаро Мартинез, а на „Џузепе Меаца“ во Милано како позајмица се пресели актуелниот светски шампион.

Деновите на Гризман во Барселона се одбројани, на Французинот единствен излез му е размена за Нејмар

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот