Агентите за недвижнини тријат раце, масовно се купуваат имоти по српските бањи
Домашните и странските купувачи сè повеќе се заинтересирани за купување недвижнини во српските бањи, пренесува Каматица. Податоците на Републичкиот завод за статистика покажуваат дека најпосетувани бањи во Србија во јули биле Врњачка Бања, Сокобања, Врдник Бања, Луковска Бања и Палиќ Бања.
„На нашата веб-страница моментално има околу 1.000 огласи за продажба на станови во Врњачка Бања и околу 140 огласи за продажба на куќи, додека во Сокобања има 350 огласи за продажба на станови и 58 огласи за куќи“, изјавија Александра Михајловиќ. Што се однесува до тековните цени, просечната цена на стан во Врњачка Бања изнесува 1.800 евра, што е зголемување во однос на првиот квартал годинава, кога цената беше 1.760 евра. Значително се зголемени и цените на куќите во Врњачка Бања, со сегашната просечна цена од 859 евра за метар квадратен, што е голем скок во однос на почетокот на годината кога цената беше 600 евра за метар квадратен, објаснува Михајловиќ.
Во Сокобања просечната цена на квадрат за стан е 1.604 евра, додека просечната цена на метар квадратен куќа е околу 532 евра, што исто така укажува на раст во однос на претходните периоди. Купувачите се заинтересирани и за инвестирање во Нишка Бања, особено поради близината до Ниш и новите инвестиции во патната инфраструктура што подобро ја поврзува оваа бања со регионот. Просечната огласена цена на метар квадратен куќа во Нишка Бања е околу 533 евра. Споменатите локации се атрактивни и за инвеститори кои сè повеќе инвестираат во градежништвото во српските бањи.