Агенти на Државната сигурност креираа лажна слика за Македонија, оценува бугарски политолог

Колаж: „Слободен печат“

Со оглед на фактот што Бугарија беше првата земја што ја призна Република Македонија пред скоро 30 години и стори сé што е можно да се утврдат темелите на една независна држава, тогаш очигледен е неуспехот на нашата „македонска политика“ и неможноста да се воспостават блиски односи на соработка, истакна бугарскиот политолог Николај Василев во интервју за БНР.

Според Василев, последниве години историчарите, кои тој ги смета за агенти на Државната сигурност, создале преку медиумите лажна претстава за тоа што се случува во Македонија. Политиката на Бугарија кон Северна Македонија треба радикално да се промени, додава политологот.

– Пропуштени се многу работи. Нема да се случи тоа што го сакаат тврдите бугарски националисти – одеднаш остро да се каже: историјата била таква, таква и таква. Ова е процес што треба да биде многу посеопфатен, коментира Николај Василев.

Според него, не може да се очекува Комисијата за историски прашања веднаш да ги реши разликите од минатото, постари повеќе од еден век.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот