Агенти деноноќно ја следеле Катица Јанева

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Последните денови пред да биде уапсена, Катица Јанева била добро следена од екипа на МВР. Од нејзиното следење јавноста можеше да дознае дека таа била во резиденцијата на Претседателот на Република Македонија, во козметички салон, а неколку пати се сретнала со нејзиниот син Лазар.

Двапати Јанева била лоцирана дека влегува во зграда каде што е сместена адвокатската канцеларија „Поленак“. На 20 август лани таа влегла во службеното „пежо“ и пристигнала во скопска Апелација. После некое време се вратила дома.

Екипа на МВР ја снимило и како руча со нејзини познаници во ресторанот „Ден и ноќ“.

Јанева и нејзина познаничка биле да купуваат во супермаркет на „Тинекс“, а потоа купените производи ги однеле на засега непознато лице кое било згрижено на Геријатрија. Во посета на лице сместено на Геријатрија таа била и пред 20 август.

Следниот ден, на 21 август, Јанева беше уапсена во нејзиниот дом лоциран во Козле.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот