Агенцијата за вработување евидентирала 114.762 невработени лица

Од почеток на кризата без работа останале 8.160 лица најмногу од преработувачката индустрија, трговијата и услужната дејност.

Бројот на невработени лица во земјава пред крајот на минатиот месец изнесувал 114.762 лица и пележи пораст од 7.030 нови невработени во однос на месец март.

Во периодот, откако почнаа да се применуваат мерки за заштита од ширење на коронавирусот, од 11 март до 30 април, по основ на прилив од работен однос, се евидентирани 8.160 невработени лица, се вели во соопштението на Агенцијата.

Од таму велат дека најголем број од новоневработените или 4.279 се лица кои претходно биле вработени на определено време и на кои им истекол договорот за работа.

Најголем дел од приливот на невработени лица од работен однос се од преработувачката индустрија 2.804 лица или 34,4 отсто, од дејноста трговија на големо и трговија на мало 1.705 лица или 20,9 отсто, како и од дејноста објекти за сместување и сервисни дејности со храна 1.243 лица или 15,2отсто.

Податоците објавени денеска од страна на Агенцијата покажуваат дека во првиот месец од годинава бројот на невработени бил 104.409, па во февруари таа бројка се зголемила на 105.816, во март на 107 732 и на крајот на април достигнала 114.762 невработени лица.

Од невработени 60.306 се лица без или со основно образование, непотполно средно образовние имаат 12.991 лице, со завршено средно образование се 25589, со вишо образование 1.288, со високо 9.830, има 736 магистри и 22-ца доктори на науки.

Повеќе од осум години работа чекаат 6492 лица.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот