Агенцијата за медиуми ќе утврдува дали Боки 13 е скриен сопственик на 1ТВ

Агенцијата за медиуми на денешната седница реши да покрене постапка против 1ТВ за наводно скриено сопствеништво, односно повреда на членот 34 од  ЗААВМУ. Иако пред неколку месеци постоеше иста ваква иницијатива постапка не беше отворена бидејќи за тоа не гласаа доволен број на членови на Советот на агенцијата, односно тројца беа „за“ и исто толку „против„, а еден не беше присутен.

Како што објаснува директорот на Агенцијата Зоран Трајчевски иницијативата за која денеска се расправаше е нова, а следува по последното интервју на Бојан Јовановски, познат како Боки 13, во кои тој зборува дека е сопственик на медиумиот, иако во Централниот регистар како сопственик на медиумот е впишана „БЈМ Медиа Груп” која пак е во сопственост на Миле Јовановски, татко на Бојан Јовановски.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот