Агенција за разузнавање: Директорот Еролд Муслиу не е член на ниту една политичка партија

Агенцијата за разузнавање (АР) преку соопштение реагира на изјавата на Александар Николовски од ВМРО-ДПМНЕ, кој вечерва обвини дека дел од луѓето кои што се во самоизолација се луѓе кои по опис на своите работни задачи не смеат да бидат во партиска функција како на што е директор на финансиска полиција или директор на Агенција за разузнавање.

-Директорот на Агенцијата за разузнавање Еролд Муслиу, не е член на ниту една политичка партија. Тој не бил на партиски состанок во СДСМ. Директорот на АР е во самоизолација поради приватна кратка средба со пратеникот Мухамед Зекири која се случила во град на 30.05.2020 година. Имајќи в предвид дека раководи со институција во која работат многу вработени, а со цел одбегнување и најмала можност за инфекција ,како одговорна личност одлучи да оди во самоизолација. Ние во АР за цело време додека трае ситуацијата со пандемијата успеавме да се заштитиме а притоа да ги извршуваме редовните обврски- стои во соопштението од Агенцијата за разузнавање.

Оттаму сигерираат до медиумите да не потпаѓаат на хибридната пропаганда гладна за лажни вести.

-Му сугерираме на потпретседателот на ВМРО ДПМНЕ, Александар Николовски да ја повлече неговата изјава дадена за Канал 5 на 02.06.2020 година бидејќи содржи невистинит факт- стои во соопштението од Агенцијата за разузнавање.

Николоски: Дали финансиската полиција и Агенцијата за разузнавање се контролирани од потпретседателот на СДСМ?

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот