18 C
Скопје

Агенција ДПА: Едно повредено лице во инцидентот кај канцеларијата на Меркел, возачот во притвор

Едно лице е повредено во инцидентот во Берлин во кој втомобил се заби во оградата на влезот на објектот на германската канцеларка Ангела Меркел, јави агенцијата ДПА. Лекарите со брза помош и помагаат на жртвата.

Според германската агенција, оградата на објектот не претрпе сериозни штети. Германската полиција информира дека возачот е во притвор.

Автомобил, управуван од засега неименувано лице, претпладнево удри во оградата на објектот на германската канцеларка, но засега не се соопштуваат деталите за несреќата.

ВИДЕО + ФОТО I Инцидент во Берлин: Автомобил се заби во оградата на објектот на канцеларката Ангела Меркел

Според фотографиите на социјалните мрежи, на двете страни од автомобилот биле напишани и пораки.

– Стоп за политиката на глобализација” и „Проклети убијци на деца и стари луѓе”, пишува на вратата од автомобилот.

Во моментот на инцидентот германската канцеларка се подготвувала за виртуелен состанок со премиерите на 16-те провинции со цел да се разгледаат натамошните мерки за спречување на ширењето на коронавирусот.

Поврзани вести

ВИДЕО| Најмалку 40 мртви меѓу кои и деца во напад на училиште во Авганистан

Горан Наумовски

Папата Франциск повика на прекин на насилството во Ерусалим

МИА Агенција

ЕК нема да нарачува вакцини од АстраЗенека по јуни

МИА Агенција

Во Германија од денеска ослободување од мерките за вакцинираните

МИА Агенција

Бум на криптовалутите: Етериумот се доближува до 4.000 долари, биткоинот ја помина магичната граница

Слободен печат

Во ковид центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани девет пациенти

МИА Агенција

Остави Коментар