Агелер: Зимата повторно ќе се врати и апелирам до сите итно да дејствувате за диверзификација на енергетските ресурси

Анџела Прајс Агелер - амбасадорка на САД во Р. С. Македонија / Фото: Слободен печат - Драган Митрески

Итно да се дејствува за диверзификација на енергетските ресурси, порача американската амбасадорка во државава Анџела Агелер на отворањето на шестото издание на МЕФ Енергетскиот Форум 2023.

Европа и Северна Македонија, рече Агелер, се на крстосницата на неколку горки енергетски прашања. Таа нагласи дека енергетската криза од изминатиот период што беше исклучително тешка, а поттикната од руската агресија во Украина потенцирала колку е важна енергетската независност, особено тука во Северна Македонија.

-Имавме напори секаде во Европа, кај американските партнери за да останат топли домовите во Северна Македонија, но овие прашања се уште не се решени. , рече Агелер.

Таа истакна дека САД работат напорно на зајакнување на енергетската издржливост и отпорност и потсети дека неодамна и помогаа на Северна Македонија да има транспарентно и ефикасно тргување со електрична енергија.

-Апелираме да се склучуваат партнерства и со локалните бизниси каде што нашите американски партнери може да обезбедуваат производи и услуги за запазување на еколошките цели, рече американската амбасадорка.

Тема на форумот што ќе се одржува денеска и утре е „Подобрување на триаголникот: Политики-Финансии-Енергетска технологија за енергетска отпорност и зелена транзиција“. Учествуваат претставници од Владата, функционери од регионот, домашни и странски енергетски компании, меѓународни организации и граѓански организации.

Клучната порака на учесниците на форумот е дека климатските проблеми се најголем предизвик за човештвото, а енергетската транзиција е клучна алатка во справувањето со тоа.

Климатската транзиција, беше истакнато, мора да биде инклузивна, со вклучување на граѓаните и малите бизниси заради енерегетска демократија и инклузивен економски раст.

МЕФ Енергетскиот Форум 2023 е во организација на ЗИП Институтот, во партнерство со Владата и Делегацијата на ЕУ во Скопје, под покровителство на вицепремиерот Битиќи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот