Агаси ќе ја уништеше кариерата на Ѓоковиќ

EPA-EFE/JASON SZENES

Кондицискиот тренер на Новак Ѓоковиќ, Австриецот Гебхар Фил Грич е задоволен од прикажаните игри на најдобриот светски тенисер на штотуку завршниот Ролан Гарос.

– Успехот е поради заедничката работа. Ништо не менувавме од претходниот пат кога работевме заедно со Ѓоковиќ. Јас и тренерот Маријан Вајда го знаеме толку добро Новак и се што му е потребно за врвни резултати – вели Фил Грич.

Австриецот го обвини поранешниот тренер Андре Агаси заедно со Радек Степанек дека во желбата за брз успех ризикувале да му ја уништат кариерата.

– Новак беше многу физички но и психички слаб по работата со Агаси и Степанек. Дури две години го мачеше повредата на лакотот и кога играше со послабо рангирани тенисери редовно ги губеше натпреварите. Потоа тренираше со поголем интензитет и тогаш кариерата му беше сериозно загрозена. Агаси и Степанек сакаа да сменат нешто што никогаш немаше да успее. Не можете да менувате работи кај човек и кај спортист доколку не го знаете. Тие сакаа успех преку ноќ и го избраа погрешниот пат. Агаси нема искуство како тренер, тој беше голем тенисер но никако не може да се каже дека ќе биде успешен и како тренер. За да тренирате тенисер како Новак Ѓоковиќ мора да имате самодоверба, а тоа не го гледав во ставот на Агаси – вели Фил Грич.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот