Зошто Афроамериканците се повеќе погодени од коронавирусот?

Во неколку региони во САД КОВИД – 19 многу повеќе ги погодува Афроамериканците, предупредија голем број политичари и експерти кои побараа да биде објавена статистика со цел подобро да се разбере ваквата појава.

До сега статистичките податоци се објавуваат во однос на сојузни држави и градови и според нив невозможно е да се извлече заклучок дали КОВИД-19 специфично ги погодува Афроамериканците или останатите жители поради нееднаквостите на социјално – економски план во пристапот на лечење.

Сојузната држава Њујорк, најголемото американско жариште на епидемијата, не објавува податоци според расата и етничката припадност на жителите кои живеат во овој дел од САД.

Њујорк бележи огромен број заразени со Ковид-19 / 28 март 2020 / Фото: EPA-EFE/JUSTIN LANE

Но, некои институции објавија податоци кои се алармантни, во државата Илиноис Афроамериканците сочинуваат само 14 проценти од жителите но дури 42 проценти од смртните случаи и припаѓаат на оваа заедница. Во Чикаго смртноста на оваа популација од пандемијата изнесува 72 проценти, иако оваа група претставува една третина од жителите.

Во Вашингтон 13 од 22 лица кои умреле од пандемијата се црнци.

– Навистина сум затекната и изненадена од ваквата неизедначеност на последиците од вирусот, вели градоначалничката на Вашингтон, Муриел Боусер.

Во Северна Каролина 31 процент од смртните случаи се црнци, а според процентуалната застапеност тие сочинуваат 22 проценти од заедницата. Во Луизијана, каде се наоѓа градот Њу Орлеанс, нерамнотежата е уште поголема. Афроамериканците сочинуваат 33 проценти од населението, но меѓу смртните случаи нив им припаѓаат дури 70 проценти.

Зошто e тоа така?

„Знаеме дека ова население е подложно на дијабетес, болести на кардиоваскуларниот систем како и на белодробието“, вели лекарот Џероум Адамс кој истакнува дека болеста ги зголемува компликациите, а ваквото искуство се покажало и во Кина но и во Европа.

Адамс, кој е Афроамериканец, ваквата теза ја докажува и со податоците од неговиот здравствен картон.

– Боледувам од висок притисок, зрцево заболување и една недела поминав на реанимација поради срцеви проблеми. Имам астма и предијабетес. Ова е илустрација за тоа што значи да растеш сиромашен и црн во Америка, додава тој.

Афроамериканците помалку се тестираат?

Во досегашната пракса се докажа дека сиромашната и црнечка четвртина има помалку лекари, но и полоши услови во болниците. Нивното здравствено осигурување е многу полошо во споредба со она на подобро платените работни места. Се покажало и дека овие пациенти во споредба со другите поретко се испраќаат на дополнителни испитувања.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот