Африкански лица пред објективот на Билјана Јуруковски

Изложбата „Африкански лица“ со фотографии на Билјана Јуруковски ќе биде ретка можност да се видат прекрасните лица и фасцинантната креативност на народот Сури, соочен со конфликти и изумирање на сопствената култура. Ниту една култура не е постојана, но начинот на кој таа згаснува или се трансформира е она што може да подзамисли и инспирира многумина.

Сугестивните погледи на народот Сури ја поттикнале фотографката Билјана Јуруковски да оди во африканските воени зони и да ги посведочи последните одблесоци на архаичните народи. Изложбата „Африкански лица“ ќе биде отворена на 16 јуни во Музеј на Македонија, со што ќе биде затворен триаголникот на африкански изложби, почнат со „Духовите на Африка“ и „Африка во Македонија“, кои беа организирани претходните години.

(Текстот е објавен во „Културен печат“ број 84, во печатеното издание на „Слободен печат“ на 12-13 јуни 2021)

Видео на денот