Африканската дива Фатумата Дијавара вечерва на Оффест

Фото: Фејсбук

Африканската дива Фатумата Дијавара вечер во Националната опера и балет ќе има концерт во рамки на 18. издание на „Оффест“, што ќе се одржува до осми јуни.

Дијавара се појави на сцената во 2011 година, а во последниве години се етаблираше како една од водечките женски гласноговорнички на новата африканска творечка генерација.

– Нејзиниот спектакуларен деби албум „Fatou“ (2011) ја лансираше оваа пејачка, актерка и активистка од Мали меѓу најекспонираните нови африкански уметници на планетата. Вториот албум „Fenfo“ („Нешто да кажам“), пак, на драматичен начин ги исполни очекувањата испорачувајќи нова збирка живописни и оригинални композиции што се потпираат врз нејзините богати животни искуства. Храбро експериментален, но со длабока почит кон потеклото, ова е албум што ја дефинира како глас на младата африканска жена – горда на своето наследство, но со сопствена визија за иднината и универзална порака, пишува во каталогот на фестивалот „Оффест“.

Фатумата Дијавара има соработувано со некои од најзначајните имиња на современата музика: Херби Хенкок, Боби Вомек, Дејмон Албарн, Тумани Диабате, Уму Сангаре, Ди Ди Бриџвотер, Роберто Фонсека…

Во исто време продолжува со својата паралелна кариера како актерка, вклучувајќи ја и извонредната улога во филмот „Тимбукту“ (2014), кој беше номиниран за БАФТА и Оскар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот