АФПЗРР: До крај на април да се искористат ланските картички за зелена нафта

Фото: Архива на „Слободен печат“

Апелираме до сите земјоделци, доколку имаат уште средства за точење на гориво за земјоделската механизација, истите да ги искористат, затоа што по 30 април, картичките ќе бидат блокирани, потенцираат од Агенцијата.

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, ги известува сите корисници на мерката „зелена нафта” дека рокот на минатогодишните картички за точење на „еуро дизел”  гориво за земјоделска механизација истекува на 30 април 2020 година.

-Апелираме до сите земјоделци, доколку имаат уште средства за точење на гориво за земјоделската механизација, истите да ги искористат, затоа што по 30 април, картичките ќе бидат блокирани, потенцираат од Агенцијата.

Оттаму информираат дека веќе ја завршиле тендерската постапка и во рок не подолг од 60 дена компанијата која е избрана ќе треба да ги испечати и  картичките да ги достави  до  АФПЗРР, по што истите ќе бидат дистрибуирани до земјоделците.

Годинава,  преку оваа мерка ќе се покрива   50 отсто од трошокот за производство. Лани, кога за прв пат беше воведена оваа мерка покриваше само 30 проценти од производниот трошок утврден согласно методологијата.

-Кој колку пари ќе добие на картичката, ќе зависи од видот на производството кое го пријавил за субвенции. Процентот на поддршката е веќе проектиран во програмата. Со персонализираните „зелени картички” и со расположливата сума со нив и годинава, како и лани, ќе може да се точи само „еуро дизел” за земјоделска механизација. Согласно проекциите, годинава  со оваа мерка ќе бидат опфатени околу 60.000 земјоделци и преку  оваа мерка  280.000.000 денари ќе бидат вратени кај земјоделците.  Со овие средства ќе помогнеме да се амортизираат, односно, намалат производните трошоци на земјоделците со што ги правиме домашните земјоделци поконкурентни на пазарот, велат од АФПЗРР.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот