Афера со прислушкување ја тресе Србија: Вучиќ и прислушкуван година и пол и ги поседува снимките од тие разговори

Поранешниот началник на српската Воено-безбедносна агенција (ВБА), генерал Момир Стојановиќ, изјави денеска дека српскиот претседател Александар Вучиќ е должен да ги отстапи пред Обвинителството доказите за прислушкување, зошто најверојатно бил во контакт со најмалку две осомничени лица.

Стојановиќ за агенцијата Бета рече дека основното прашање зошто претседателот Вучиќ одбива пред надлежните органи да ги предаде снимките, до кои дошол, за своите разговори со сомнителните лица.

„Дали е спорна содржината на разговорот или е спорно лицето со кое претседателот комуницирал? Јас како граѓанин имам право да се сомневам дека тоа лице или повеќемина, се од инкриминирани организации. Се поставува прашањето зошто претседателот комуницира со лица кои се во криминалната зона“, рече Стојановиќ.

Според неговите зборови, недозволива е и неодговорна изјавата на Александар Вучиќ дека поседува снимки за своето прислушкување кое траело година и пол, а тој тие докази да не сака да ги предаде на обвинителството.

Стојановиќ објаснува дека прислушкувањето подразбира примена на посебни мерки со кои се задира во, со Уставот загарантираните права и слободи на граѓаните.

„За да се применат мерките со кои се задира во приватноста на граѓаните, на образложение на директорот на службите мора да ги одобри судот. За предлозите на БИА одобрување дава Посебното одделение на Вишиот суд во Белград, а за ВБА посебните одделенија на Вишиот суд во Белград, а за ВБА посебните одделенија на Вишите судови со седиште во Апелациските судови во Ниш, Крагуевац, Нови Сад и Белград“, наведе тој.

Додаде дека упадот во приватноста на граѓаните подразбира тајно слушање и пресретнување разговори, тајна контрола на поштенските и други пратки, таен претрес на простории, како и следење, снимање и набљудување на лица без нивно знаење.

Стојановиќ вели дека тие мерки се одобруваат на три месеци и најдолго може да траат година дена кон едно лице.

На прашањето на Бета зошто претседателот Вучиќ е прислушкуван година и пол дена, Стојановиќ вели дека претседателот најверојатно бил во контакт со најмалку две сомнителни лица.

Одговорните за контраразузнавачката заштита на претседателот на републиката, додаде Стојановиќ, се од Петтата управа на БИА која се занимава со заштита на највисоките државни функционери.

„Спорно е како дошло до сослушување на претседателот и од каде му се нему снимките. Тие снимки можат да бидат во рацете на службите, надлежен обвинител и надлежен суд, а не никако и кај лицето против кое тие мерки се применувани. Некој мора да одговара зошто му ги дал на Вучиќ снимките од прислушуваните разговори“, рече Стојановиќ.

На прашањето дали надлежните служби требало да го известат претседателот дека е снимен неговиот разговор со инкриминирано лице, Стојановиќ вели дека тоа била обврска на Петтата управа на БИА.

„Ако службите, следејќи инкриминирано лице, ја снимиле неговата комуникација со претседателот на државата, обврска е на оние кои таа мерка ја применуваат е да ја известат Петтата управа на БИА за претседателот да ја прекине комуникацијата со осомничените лица“, рече тој.

Дека таа процедура е испочитувана, вели Стојановиќ, не би имало потреба со таа информација да се излегува во јавност зошто тоа не е приказна за јавноста.

„Вакви работи можат да се донесат само во држава во која нема уреден систем. Претседателот на нашата држава истовремено е и претседателот на Советот за национална безбедност и нему му се потчинети сите безбедносни служби. А сега, излегува дека токму тие служби го прислушкуваат својот шеф. Да не е тажно би било смешно“, рече Стојановиќ.

Оцени дека зад се стои „пресметка“ меѓу Александар Вучиќ и Небојша Стефановиќ.

„Новите начачници во МВР кои ги постави Александар Вулин, сега се растрчани за да му се додворат на новиот шеф и пронашле дека претходната гарнитура го прислушкувала Вучиќ. Во таа пресметка на Вучиќ и Стефановиќ јавноста се малтретира секој ден и се нанесвуа штета на секторот на безбедноста и угледот на државата“, рече поранешниот началник на ВБА.

Запрашан да ја искоментира изјавата на Небојша Стефановиќ дека во текот на прислушкувањето на Вучиќ имало пропусти кои би требало да ги открие обвинителството, Стојановиќ вели дека во МВР постои Одделение за примена на посебни методи на Службата за борба против организираниот криминал, „чија работа е надвор од секоја контрола“.

„Тоа одделение три пати повеќе применува мерки со кои се упаѓа во приватноста на граѓаните отколку БИА, ВБА и ВОА заедно. Јасно е дека претседателот е цел на тоа одделение. Овој случај мора да го истражи Службата за внатрешна контрола во МВР и Петтата управа на БИА заедно со обвинителството, за да може јавноста да ја дознае вистината“, рече Стојановиќ.

Тој истакна дека таа истрага брзо би се завршила кога Вучиќ на обвинителството ќе му ги достави снимките од прислушкуваните разговори.

„Претседателот синоќа на ТВ Хепи изјави дека повеќе не сака да одговара на прашањата за прислушкувањето. Значи, тој една сериозна афера ја подигна до ниво на скандал, а сега сака да се повлече кога виде дека приказната за државен удар не поминува во јавноста“, оцени поранешниот началник на ВБА.

Стојановиќ смета дека јавноста никогаш нема да дознае дали и поради што претседателот на државата е прислушкуван, кој наредил и со која цел.

Целта на оваа власт, заклучува Стојановиќ е јавноста постојано да ја држи под тензија, односно да води постојана пропагандно – психолошка војна против своите граѓани.

Извор: Бета

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот