Афера со контроверзни пораки на Вибер и Ватсап ја тресат владеачката ХДЗ во Хрватска

На последната седница на Претседателството на владеачката ХДЗ во Хрватска, главна тема беше најновата афера која се прошири од комуникациите на членството на партијата во групи на „Вотсап“ и „Вибер“. Поради овие пораки, како што пренесуваат хрватските медиуми, 15 членови на партијата би можеле да бидат сакнционирани со целосно исфрлање од неа.

Тие се товарат, според наводите на „24 сата“, дека  во спорните групи пишувале пораки со говор на омраза и повикувале да се гласа против претседателката Колинда Грабар-Китаровиќ.

Во пораките објавени во Вибер групата „Се знае ХДЗ“, меѓу кои има и такви со навредливи содржни, некои од членовите напишале дека можат „да ѝ пуштат посмртни венци по Дунав“, „куршум во чело“ на Китаровиќ и многу други непримерни пораки. Од раководството на партијата тврдат дека пораките го налутиле шефот на ХДЗ Андреј Пленковиќ и дека поради нив партијата интензивно разговара неколку дена.

Претседателот на Клубот на застапници на ХДЗ, Бранко Бачиќ, во разговор за порталот „Дневник“ открива дека во ХДЗ не се познати имињата на испраќачите на контроверзните соджини.

– Постојат имиња кои ѝ се познати на хрватската јавност. Морам да кажам дека тоа за мене беше изненадување – рече Бачиќ и додаде дека „сега следи постапката пред судот за чест во ХДЗ кои „јасно ќе одговори на овие подметнувања кои ѝ наштетиле на ХДЗ и претходно“.

„ХДЗ е пресилна“, кратко одговорил Бачиќ кога е побарано од него да го коментира фактот дека меѓу членовите на ХДЗ има и такви кои го поддржуваат Мирослав Шкоро, кој е противкандидат на актуелната претседателка на изборите.

Иако шефот на партијата Андреј Пленковиќ, по седницата одржана во понеделникот, на новинарите им рече дека главната причина за состанокот било договарање на понатамошните активности во врска со кампањата и дека се расправало за рејтингот на пратијата и подготвувањето за конгрес на Европските народни партии, „Јутарњи“ пишува дека во центарот на вниманието сепак била аферата со групите на „Вотсап“ и „Вибер“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот