АФЕРА КОЈА ГО ТРЕСЕ БАЛКАНОТ: Каде завршиле матичните клетки на родителите од Србија?

По гаснењето на компанијата „Криосејв“, швајцарска банка за матични клетки, генетскиот материјал кој родителите од Србија го оставиле на оваа фирма на чување е префрлен во Полска, пишува Блиц.рс.

Заради проблеми со кои се сретнала оваа компанија била откупена од полската банка за матични клетки „Фамикорд“ во која наводно се транспортирани околу 250.000 матични ќелии кои порано се чувале во Швајцарија, а бројни малверзации довеле до тоа швајцарското министерство за здравство да и ја одземе лиценцата на „Криосејв“.

Претставништвото на оваа банка за матични клетки во Србија е затворено, а семејствата кои дале илјадници евра останале без одговор. Како што наведува Блиц стигнал по некој мејл во кој се наведува дека „Криосејв“ склучил договор со својот подизвршител ПБКМ чија европска лабораторија е во Варшава.

Сумата која родителите ја издвојувале се движела од 1580 до 1780 евра во зависност од избраниот пакет.
Според пишувањето на „Новости.рс“, само родителите во Србија повериле меѓу 8.000 и 10.000 примероци на матични клетки од своите деца и за чување на 20 години платиле по 1.800 евра. Има индиција дека овие примероци не се ни земени по предвидена процедура без која болниците одбиваат во случај на потреба да ги користат.

Новости наведува дека сите примероци од „Криосејв“, околу 250.000 се префрлени во полската „Фамикорд банка“. Некои тврдат дека без тоа депонираните клетки ќе пропаднат, затоа што „Криосејв“ останал и без течен азот со помош на кој тие се чуваат на минус 180 степени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот