АФЕРА ИБИЦА: Индустријата на филмови за возрасни профитира од скандалот на Штрахе

Корупциската афера Ибица, поради која лидерот на Партијата за слобода (ФПО) Хајнц-Кристијан Штрасе мораше да поднесе оставка, и предизвика политички земјотрес кој ја растури владата на Себастијан Курц, беше многу актуелна на социјалните мрежи и речиси цела австрија ги имаше вперено погледите во овој настан.

Сега, по подолго време, индустријата за филмови за возрасни сними порно-фил на основа на тој скандал.

Зад новото видео стои автстрискиот порнографски продуцент „ОеКМ“, а првиот човек на таа куќа Томас Јаниш вели дека филмот е „еден од најуспешните во изминатите години“.

Тој додаде дека на идејата дошол брзо по обелоденувањето на аферата Ибица.

– Млада, убава жена-олигарх, која со сите средства сака да дојде до своите цели е интересна тема – смета тој.

Во вистинската афера Ибица, Штрахе падна во мамката на една мрежа на луѓе која му ја уништија политичката кариера. Тие искористија една девојка која тврдеше дека е внука на руски милијардер, на која Штрахе ѝ побара финансиска поддршка за неговата партија, а за возврат ѝ нудеше државни работи. Целиот состанок тајно беше снимен со камера.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот