Аерозагадувањето во големите градови останува многу загрижувачко прашање, се констатира во Извештајот на ЕК

Загадување на воздухот во Скопје / Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Во следната година Северна Македонија треба особено да ја подобри интерсекторската координација и да ги зголеми финансиските ресурси за намалување на аеро-загадувањето на локално и национално ниво, да направи значајни чекори во воспоставување на регионален систем за менаџирање со отпад, да го имплементира Парискиот договор, вклучително и да направи адаптација со Стратегијата и законите со рамката на ЕУ 2030, се наведува во Извештајот на Европската Комисија за напредокот на земјава, во однос на животната средина.

Европската унија промовира силна климатска акција, одржлив развој и заштита на животната средина. Европското законодавство содржи одредби кои се однесуваат на климатските промени, квалитетот на водата и воздухот, управување со отпадот, заштита на природата, индустриското загадување, хемикалиите, бучавата и цивилната заштита. Северна Македонија, според Извештајот, има некое ниво на подготвеност во таа област.

– Лимитиран прогрес е постигнат во областа на зачувување на природата и климатските промени. Како и да е, имплементацијата во сите сектори останува загрижувачко прашање. Земјата е охрабрувана да истапи амбициозно кон Зелената транзиција, особено во контекст на Зелената агенда за Западен Балкан. Повеќето од минатогодишните препораки не се имплементирани, се истакнува во Извештајот.
.
Во однос на животната средина, ЕК нотира дека административниот капацитет на сите нивоа останува слаб, со недоволно финансиски ресурси за имплементација и зајакнување на постоечката легислатива.

– Имплементацијата на оценката за влијанието врз животната средина и Стратегиската оценка за животната средина треба да бидат подобрени особени низ процеси на јавна консултација и во однос на квалитетите на извештаите. Дијалогот со цивилното општество и процесите на јавна консултација во овој сектор треба да бидат значително подобрени. Недостатокот на транспарентност и достапност до информациите е проблем кој се повторува. Законот за инспекција на животната средина и амандманите од законот за проценката на влијанието врз животната средина се уште не се усвоени. Лимитиран прогрес беше направен во однос на „ INSPIRE” Директивите во областа на одговорноста кон животната средина, оценува ЕК.

Околу квалитетот на воздухот, се потенцира дека финансиската помош за инвестирање во редуцирањето на употребата на фисилните горива е пренаменета, извештаите се доставуваат до Европската агенција за животна средина.

– Како и да е, ограничената имплементација и ресурси, слабата интерсекторска координација помеѓу и централната и локалната власт го намалува импактот од мерките за редуцирањето на загадувањето на воздухот. Аерозагадувањето во големите градови останува многу загрижувачко прашање. Станиците за мониторирање во општина Гевгелија беа набавени и заменети со инструменти за мерење од веќе постоечката станица за мониторирање во Битола, која веќе беше финализирана. Надоградбата на системот за квалитетот на воздухот исто така беше имлементирана, се посочува во Извештајот.

Што се однесува до управувањето со отпадот, ЕК забележа дека слабите административни капацитети, слабиот степен на извршување и лимитираните интерсекторски соработки остануваат главни препреки за прогрес во тој сектор.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот